Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане преку лажни вести да ги вознемирува граѓаните, нема заразени со антракс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
antraks-1

Нов ден, нова лажна вест од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, дезинформации и невистини преку кои се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.  Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —
Како што информира и Агенцијата за храна и ветеринарство, засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција, а донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар и нема нови случаи

— реклама —

— реклама —
Грижата на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е лажна и лицемерна. Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.

Денес ВМРО-ДПМНЕ се промовира како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Наместо да пласира измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните заради ситни дневнополитички поени, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања