Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, глумат загриженост, а ги кршат мерките за заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин очајно се обидува сопствената неодговорност да ја маскира со лажни вести, со пласирање лажни информации и поделба на народот, додека Христијан Мицкоски бесрамно ги крши протоколите и мерките, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —
Последен пример дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести е Игор Јанушев и неговите лаги.

Од друга страна, Александар Николовски беше демантиран од ООН но тоа не го спречува да шири лажни вести и да вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.

— реклама —
Во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот,  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека имало уште само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.

— реклама —

Мицкоски и Наќе Чулев лажеа за случајот со теретаната. Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“ а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици“.

Лажни вести, деструкција, конструирани случаи и поделба. Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните во овој изминат период.

— реклама —

Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести и за таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања