Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против проектите кои се во интерес на скопјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани пријави и потврдува дека е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ и нов мост на реката Вардар во Скопје. Ова е нов обид на ВМРО-ДПМНЕ да го сопре градњето на овој проект. Граѓаните знаат дека поради неодговороното однесување на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба и нивно противење да го поддржат предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, проектот сега чини 8 милиони евра повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Во поразената опозициска партија треба да знаат дека за подготвителни работи не е потребно одобрение и дека конечно, одобрението го издава Град Скопје.

— реклама —

На ВМРО-ДПМНЕ му смета тоа што се градат проекти кои се во интерес на граѓаните. На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти од кои завршуваа во џебовите на фамилијата.

— реклама —

ВМРО–ДПМНЕ е против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата и намалаување на загаденоста во Скопје.

— реклама —

Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар на проектите и на се што е во интерес на граѓаните на Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања