Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз во измислени и нереални причини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО, вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Во продолжение од СДСМ додваат:

— реклама —

Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.

— реклама —

Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.

Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.

Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски, се вели во соопштението од центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања