„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, овоштарите и Министерството заеднички ќе дојдат до решение за откупот на јаболка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jabolka

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше и вршеше уцени и притисоци врз земјоделците, 11 години го потценуваше нивниот труд, а денес како опозиција шири лаги и глуми загриженост, велат од СДСМ.

— реклама —

„Наспроти таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и спроведува мерки што го унапредуваат земјоделството.

Проблемот за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и глуми загриженост, се решава во интерес на јаболкопроизводителите.

— реклама —

За таа цел, веќе се одржа состанок во Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство со производителите на јаболка од Преспанскиот регион. Во тек се интензивни консултаци помеѓу Министерството и производителите на јаболка и веќе за неколку денови се очекува изнаоѓање решение со коешто ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот.

Во меѓувреме, за оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Истовремено,  сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

Исто така, со Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустрискојаболко се зголеми двојно.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на наоѓања решенија за надминување на актуелните состојби и продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат зголемени субвенции, конкурентно производство и повеќе пари кај овоштарите и сите земјоделци“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања