Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски се директни виновници за нелегалното прислушување, остатоците од режимот ќе се соочат со правдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Нервозата на Мицкоски од сите негови неуспеси да го одбрани криминалот на неговиот ментор, Никола Груевски, од неуспехот да ја закочи иднината на Македонија во НАТО и ЕУ се манифестира со безобразно пласирање лаги. Мицкоски со лаги, целосно неуспешно, се обидува да ја оттргне вината за неговото учество во најголемите скандали, меѓу кои и она со прислушувањето, велат од СДСМ.

— реклама —

„Токму ВМРО-ДПМНЕ,  партијата со најголем скандал за прислушување во историјата на Европа, во чие време се монтирале прислушни уреди по институции, денеска неуспешно сеобвинува да обини дека некој друг прислушувал. Токму во тоа црно време на режимот Мицкоски беше генерален секретар на партијата и десна рака на осудениот криминалец Никола Груевски, советник во неговиот кабинет“, додаваат од СДСМ.

— реклама —

Исто така од СДСМ велат дека граѓаните знаат и паметат дека токму Мицкоски на прес конференција застана против Специјалното јавно обвинителство и побара негово укинување со што уште еднаш се стави во директна одбрана на сите криминали на Никола Груевски.

— реклама —

„Мрачното време на масовно прислушување и системско кршење на човековите права и слободи, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Денес, институциите работат професионално и независно, а човековите права се почитуваат и унапредуваат. Оттука, од сите надлежни институции очекуваме до крај да го расчистат овој случај започнат уште во 2016 година.

Виновниците за нелегалното прислушување во правосдусните институции ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

Борбата за правна држава продолжува, остатоците на режимот во правосудните органи мора да бидат изнесени пред лицето на правдата“, стои во соопштението на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања