„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
deve-bair

Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема.

Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон поставуваше и разрешуваше судии, ВМРО-ДПМНЕ конструираат непостоечки случаи со цел да ја покријат спрегата на Орце Камчев и Христијан Мицкоски, се вели Реакција од СДСМ на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истата се додава:

— реклама —

Портпаролот на Мицкоски, Димче Арсовски прво нека ја прочита одлуката за ограничување на движењето донесена од Владата, која предвидува сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

— реклама —

Значи нашите гранични служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од граничните премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, нема што да понуди, освен измислици, манипулации, опструкции и лажни вести и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања