СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Шилегов и СДСМ па затоа по секоја цена конструира случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Логично е дека кога Скопје насекаде се уредува и гради, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја труе јавноста со измислици и конструкции, се вели во реакцијата од СДСМ  на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:

— реклама —

Кога во неполни 3.5 години, од кои една е во услови на светска пандемија, Градот и градоначалникот успеаја во рекордно време да завршат четири нови булевари, реконструираат цел клинички центар и да ја изградат монтажната болница, кога се завршува мостот на Вардар во Аеродром, кога секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, подигаат илјадници м2 нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, десетици нови дрвореди, се подигаат зелени кровови, кога светските организации за мерење на загадувањето на воздухот бележат континуиран пад на загаденоста во Скопје, кога низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, се пробива и расчистува кејот на Вардар и кога после 30 години управување со Град Скопје, СДСМ успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави сем да измислува скандали и да пласира лажни вести.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања