„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ повторно лаже, листата на лекови за ретки болести е проширена, а буџетот зголемен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за негрижа за пациентите и урнисување на здравството. 11 години оваа партија преку своите криминални политики ги газеше правата на пациентите, ги потценуваше докторите и нивниот труд , а здравствениот систем доживеа тотален колапс, се вели во реакцијата од СДСМ.

— реклама —

Денеска пак како опозиција преку лажни вести се обидува да манипулира со граѓаните. На овој начин, само потврдува дека има целосно несериозен пристап за сериозни прашања како што е здравјето на граѓаните.

Наспроти негрижата кон пациентите од страна на ВМРО ДПМНЕ , денес Владата предводена од СДСМ дава  вистински пример за грижа кон своите граѓани.

— реклама —

Министерството за здравство информираше дека за првпат во Република Северна Македонија е воведен електронски регистар за следење на лицата со ретки болести. Истовремено, се проширува листата со лекови за ретки болети, со тоа што минатата година се воведоа 3 нови лекови, додека за оваа година воведени се два нови лека за ретките болести.

Буџетот за ретките болести, оваа година  изнесува 380 милиони денари, со заложби на Владата овој буџет да се зголеми на 450 милиони денари. За разлика од претходната  2017 година кога изнесувал 210 милиони денари и 2018 година 224 милиони денари.

ВМРО ДПМНЕ наместо да шири невистини, треба да заземе посериозен пристап  за прашањаta во здравството кои се пресериозна тема. Набавката којашто ја споменува ВМРО ДПМНЕ е дел од спроведувањето на Програмата за борба против ХИВ. Програма што се спроведува со невладиниот сектор за превенција и едукација за сексуално преносливите болести. Најголем дел од планираните средства ќе се искористат за набавка на антивирусна терапија и тестови за следење на ХИВ инфекцијата, додека пак дел од средствата се наменети за едукација, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања