СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно кон важни прашања, пописот ќе се спроведе согласно сите меѓународни стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
popis-1

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува несериозно кон важни прашања како што е најобемната статистичка операција – пописот.

— реклама —

Законот за попис, кој денеска ВМРО-ДПМНЕ го оспорува, се подготвува од март 2018 година, а пред да влезе во собраниска процедура во него беа вградени забелешки на опозицијата а активно вклучени и консултирани беа и експерти, се вели во реакцијата од СДСМ на прес-конференција на Ѓоргија Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истата од партијата додаваат:

— реклама —

19 години државата е без попис, бидејќи токму поради политичките калкулации на ВМРО-ДПМНЕ пописот во 2011 пропадна. Денес, ВМРО-ДПМНЕ прави се државата да изгуби уште една година без да добие целосни, точни и релевантни податоци, важни за креирање на долгорочни политики.

Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации, по цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.

Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања