Промени тема
Контакт

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се тие кои им забиваат нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години, не направија ниту еден чекор напред за евроатлантската интеграција на земјава. Напротив сите нивни позиции и дејствувања беа контра НАТО и контра ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна антидржавна партија која им забива нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси, се вели во Соопштението од СДСМ  ко е  реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од СДСм додаваат:

Тие кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.

— реклама —

Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители.

— реклама —

Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот.

Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.

Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања