Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: ВМРО дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

ВМРО дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление - Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ

„По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божиќ на 7 јануари па сѐ до Богојавление на 19 јануари.

Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“.

— реклама —

Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура.

Во текстот на кујните на ВМРО стои, цитираме:

— реклама —

„Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.“

Прво, не се поздравува по Божиќниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот!

Второ, не е „7. јануари по Јулијанскиот“, по јулијанскиот календар е 25. декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари.

— реклама —

Трето, да поставиме прашање до ВМРО: Кој се поздравува со христијанскиот поздрав „Бог се роди“, пред сѐ застапен во православието, на 25. декември по грегоријанскиот календар?

ВМРО толку ништо не знае, вистински „ќаци“. Напредна верзија 2.0, полоша од својата вмро сестринска „copy-paste“ СНС варијанта!

— реклама —

ВМРО се обидува да се претстави како бранител на верата, додека всушност, дури и сега ненамерно (бидејќи секојдневно прават намерно) со своето незнаење, повторно шири дезинформации.

СДСМ останува посветен на единството, толеранцијата и решавањето на реалните предизвици за сите граѓани на Македонија, без злоупотреба на религијата“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања