Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, денес се на власт – што чекаат? 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 часа -

Македонија
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ обвинува дека власта дефокусира со спинови за името за да избегне одговорност за низа скандали. Велат дека Мицкоски не одговара кој е Душан Адамовиќ и зошто е почесен конзул, ниту за наводни врски со Русија и тврдења за „окупирана“ Македонија. Според СДСМ, нема одговор ни за „5 тони дрога“ преку границата, средби со „Ноќните волци“, како и за социјално-економски мерки (минимална плата, субвенции, лекови) и за одговорност на Панче Тошковски. Порачуваат дека ВМРО, како власт, ако ветувала враќање на името, треба да објасни што чека и да го соопшти тоа меѓународно.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Нема одговорност за скандалите на власта, нема одговор за Адамовиќ, за врските со Русија, за 5 тони дрога, за Панче, има нов дефокус од кујните на ВМРО-ОКГ, велат од опозициската СДСМ.

— реклама —

„Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името.

Нема одговор од Христијан Мицкоски кој е Душан Адамовиќ, функционер на СНС, и по кои критериуми ovoj негов близок пријател е поставен за почесен конзул во Србја, со врски во Русија, кој вели дека Македонија е окупирана српска тероторија.

— реклама —

Нема одговор ниту за најголемиот нарко-скандал во регионот - 5 тони дрога кои поминале преку македонската граница и завршиле кај функционери на СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, во соседна Србија.

Нема одговор за средбите на првиот вицепремиер Стоиљковиќ со „Ноќните волци“ на Путин, нема одговори за криминалецот Симе кој пука со калашников и го цитира Шешељ пред руско знаме а има албум со лики со Мицкоски.

Нема одговор зошто не се покачува минималната плата, зошто се кратат субвенциите, зошто се крати за лекови.

После сето ова нема одговорност ниту за Панче Тошковски после толку многу човечки жртви.

Кога нема одговори, кога нема одговорност – тогаш кујните на ВМРО се пуштени на големи.

Се отвора темата за Руси и Белоруси, сега за името, со истиот стар рецепт: спинови и лажни црни кампањи, како заштита на ВМРО-ОКГ.

Но, граѓаните добро знаат и сега не поминуваат веќе.

Токму ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името. Цела кампања ја базираа на ова ветување.

Денес се на власт – што чекаат?

Зошто не и кажат на меѓународната заедница дека го менуваат името“, вели СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања