Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СДСМ: Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вредност од 375,6 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Над 375 милиони евра завршиле кај компаниите од повратот на ДДВ, се подобрува ликвидноста во стопанството

— реклама —

Економските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите, велат од СДСМ.

„Тоа го потврдува уште еден податок. Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.

— реклама —

Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година.

— реклама —

За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно.

Брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ продолжува на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања