СДСМ: Во Гевгелија решен деценискиот проблем со водата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

— реклама —

„Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества на чиста вода за пиење. Со новиот систем во кој има три нови бунари ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години“, се вели во соопштението на СДСМ.

— реклама —

Со тоа, како што наведува владејачката партија, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања