Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Во услови на најголема криза презедовме навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skopje-15

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовните шокови и помош на компаниите, вели СДСМ

Покажавме капацитет во справување со последиците од најголемата светска економска криза и тоа ќе продолжиме да го правиме.

— реклама —

„Следуваат нови мерки и различни форми на помош како за граѓаните така и за компаниите.

— реклама —

Во тој правец е ребалансот на Буџетот преку кој се обезбедуваат 76 милиони евра помош на граѓаните и стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за земјоделството, за повисоки плати и пензии.

Она што е особено вредно да се истакне е дека Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира цената на произведената електрична енергија за граѓаните да добиваат пониски сметки за електрична енергија.

— реклама —

Деновиве, започнува исплатата на субвенциите за над 20.000 тутунари, за што парите веќе се обезбедени во рамките на Буџетот.

— реклама —

Зголемената минимална плата, растот на платите во образованието, детската заштита и останатите сектори како и новата методологија за раст на пензиите се исто така мерки кои во време на криза го штитат стандардот на граѓаните.

Продолжуваме со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања