Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

СДСМ: Хидро Мицкоски глуми загриженост, а сноси директна одговорност за зголемување на загадувањето и поскапување на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Се јави Христијан Хидро Мицкоски, човекот што сноси директна одговорност за зголемување на аерозагадувањето, поскапување на струјата и зголемување на сиромаштијата. Лицемерно денеска глуми загриженост Мицкоски за проблемот со загадувањето, после 11 годишно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и не преземање ништо, велат од владејачката СДСМ.

„Хидро Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ за 100 проценти ја зголемија цената на струјата, што влијаеше илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начин на загревање. Дополнително, заради криминални интереси на ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо за загаденоста на воздухот.

— реклама —

Мицкоски молчеше 11 години за загаденоста на воздухот. Бизнисот со хидроцентрали што го доби од неговиот шеф, Никола Груевски, му беше поважен од здравјето на граѓаните.

Мицкоски да не глуми загриженост. Сега сите институции се посветени на решавање на проблемот со загадувањето.

— реклама —

После 11 години игнорирање на проблемот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, конечно се преземаат сериозни мерки на краток, долг и среден рок кои имаат за цел да стават крај на долгогодишниот проблем.

Станува збор за сложен и долгорочен проблем за кој е потребно време, но сите институции се силно посветени на негово конечно решавање“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања