Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

СДСМ: Хипотеката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, со „Диво Насеље“ ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.

Јавноста треба да знае дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.

Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста но и кај вработените во МВР.

— реклама —

СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации.

— реклама —

Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања