Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFSDSM-1

СДСМ реагира на тврдењата за наводно прислушкување на премиерот Христијан Мицкоски и побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) веднаш да ја декласифицира целата документација поврзана со случајот.

— реклама —

„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување,“ се наведува во соопштението.

Од СДСМ истакнуваат дека не е точно дека е потребна судска постапка за декласификација на документите, туку тоа е само алиби и параван зад кој, како што велат, се крие вистинската намера на власта.

— реклама —

„Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш,“ додаваат од партијата.

— реклама —

СДСМ обвинува дека се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ и факти, со што се поткопува довербата во тоа што го кажува власта, а се создаваат сериозни сомнежи за „намерна манипулација и опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица. Некој тука лаже свесно,“ се наведува во реакцијата.

Од СДСМ додаваат дека само преку декласификација јавноста ќе ја види реалноста – дали и кој правел злоупотреби. „Ако не се направи декласификација, власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ,“ стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања