Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: За 30 отсто поголеми субвенции за зголемен сточен фонд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stoka

Политиките на СДСМ за поттикнување на земјоделството и руралниот развој даваат резултати. СДСМ го остварува најавеното во својата програма и за прв пат се исплатени субвенции повисоки за 30 насто на секој фармер што во споредба со претходната година го зголемил основното стадо, се вели во соопштението од СДСМ.

Со оваа мерка на сметките на 7.101 субјекти, кои го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства, се исплатени над 27 милиони денари.

Сите фармери, кои земале субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, женски приплодни грла на маторици и презимени пчелини семејства, а го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30% за секое грло, за кое е зголемено стадото во однос на претходната година.

— реклама —

Оваа мерка има за цел да го поттикне развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада.

— реклама —

Со тоа во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед и се обезбедува поевтина суровина која е важен инпут во месната и млечната индустрија.

Мерките на СДСМ се насочени кон унапредување на условите за развој на сите земјоделски гранки, во сите региони, со навремени и неселективни субвенции, зелена нафта, програмите за млади земјоделци, за жени земјоделки, програмите од ИПАРД фондовите, со што се овозможува раст на домашната економија, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања