Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ за борбата која ја водат: Аманет ни е од претходните генерации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
384725025_871477054341032_8131671961745468377_n

„Македонската борба е за интеграција во ЕУ а не за изолација“, пишува СДСМ во утринското соопштение.

Тие додаваат:

— реклама —

„Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации.

— реклама —

Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност.

Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

— реклама —

Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите.

— реклама —

Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.

Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања