Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: За две години изградени над 400 километри водовод и канализација, грижата за граѓаните продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Како одговорна политичка партија со домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните. Ги решаваме децениските проблеми на граѓаните и одговораме посветено на нивните потреби. Наместо на стиропор, лажен барок и споменици , инвестираме во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, како и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Низ територијата на целата држава, изградивме над  400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи.

— реклама —

Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини.

— реклама —

Изградивме нови бунари за водоснабудвање во с. Драгобраште, с. Борино, с. Горно Агларци, како и за прв пат се воспоставени вододни мрежи во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука во Скопје и населбата Балканска во Штип.

— реклама —

Продолжуваме со грижата за граѓаните. Решаваме  децениски, суштински, егзистенцијални проблеми на граѓаните, со донесување на чиста и квалитетна вода за пиење, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања