Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: За пет години изградивме 75 детски градинки, следат 20 нови оваа година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
deca-poprecenost

СДСМ преку Владата и надлежното министерство постојано докажува што значи вистинска грижа за детската заштита.

За пет години, дд 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца.

— реклама —

Во минатата 2022 година, изградени или доградени се 10 градинки во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.

— реклама —

Со тоа,само за една година, капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава, истовремено, за оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата

Освен во објекти, Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал.

— реклама —

Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија покачување на платите за 21 отсто, а со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто.

— реклама —

Тоа значи дека за само пет години, платите во детската заштита се зголемени за 36 отсто.

СДСМ како одговорна, државотворна партија и во време на светска економска и енергетска криза продолжи со вистинска грижа за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања