Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ за постапката на ВМРО-ДПМНЕ за задолжителен референдум: Нема да успее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
referendum

Христијан Мицкоски повеќе не знае што да направи за да си ја задржи разнишаната фотелја во Белиот дворец, откако му пропаднаа сите лаги и обиди блокирање на европската иднина на државата, вели СДСМ

„Му се изјаловија најавите за бугаризација и асимилација, му пропаднаа сценаријата за дестабилизација, не усепаја обидите за блокада, остана сам со проруската Левица и партнерот Апсиев, против ЕУ.

— реклама —

Колкаво е лицемерието и неискреноста на Мицкоски потврдуваат неколку факти.

1. Токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.

— реклама —

2. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.

3. Проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ стаува се посилно, не се согласува со Мицкоски и сака да продолжи европскиот пат на земјата.

— реклама —

4. Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа.

5. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски не гласаа во македонското Собрание туку избегаа, сега сакаат одговорноста да им ја префлат на членовите на партијата.

— реклама —

Референдум против членство во ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.

Државата нема да застане. Мицкоски не може да ја закочи ниту да ја спречи европската иднина“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања