Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: За силна економија: Раст на БДП од 3,7 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

По години уназадување и стагнација, економијата во последната година се движи во добар правец, нагоре. Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година. Континуираниот раст на БДП во 2018 година е доказ дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се правилно поставени и даваат реални, видливи резултати, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

Покрај БДП во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции во висина од 624,5 милиони евра, а растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години. Овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста и заложбата на Владата предводена од СДСМ да обезбеди раст на економијата, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, а со тоа и повеќе пари кај граѓаните.

— реклама —
— реклама —

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување на економски политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите граѓани, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања