Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Заев во разговорите помага МПЦ да добие автокефалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се фрустрирани од тоа што премиерот на државата и претседател на СДСМ, Зоран Заев жестоко ги брани државните и национални интереси и тоа го прави насекаде, во секој јавен настп и во секој телефоснки разговор.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбраа да им слугуваат на туѓи интереси кои имаат за цел да ја оддалечат Северна Македонија од интеграцијата во ЕУ и НАТО.

— реклама —

Претседателот Заев во разговорите помага Македонската православна црква да добие автокефалност. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ во разговорите договара провизии за автопати за нивните криминални џебови, договара тепање на градоначалници, палење кафеани и рушење објекти на политички неистомисленици.

— реклама —

Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите хибридни напади, сите лажни вести и манипулации, покрај сета нивна деструктивност, напредокот ќе продолжи.

Успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања