Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СДСМ: Законот за социјална заштита е повлечен од МТСП поради техничкo усогласување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_8266-1-1

ВМРО-ДПМНЕ 11 години целосно ги игнорираше потребите на лицата со хендикеп, потребите на ранливите категории граѓани, а преку неодговорните политики свесно го уништувале системот за социјална заштита, велат од СДСМ.

— реклама —

„Денес лицемерното ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за системот за социјална заштита и лаже дека издејствувале негово повлекување. Вистината е дека Законот за социјална заштита е повлечен од Министерството за труд и социјална политика поради техничкo усогласување.

Решенијата во Законот ги унапредуваат правата, им го олеснува животот на лицата со попреченост и ранливите категории граѓани и тој е усогласен со нивните потреби.

— реклама —

Во рамки на доработката на текстот прифатени се сите барања кои беа доставени од граѓанските здруженија и лицата со попреченост. Со новиот Закон за социјална заштита за првпат се потенцира независноста на лицата со попреченост, нивното право на одлука и еднаков третман.

— реклама —

Со новиот Закон се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува на 50% од просечна нето плата.

Како подршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост  се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.

— реклама —

Во 2019 година ќе се развива услугата за одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања