Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Започна исплатата на зголемената социјална помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Започна исплатата на зголемената социјална помош, над 25.000 семејства добиja гарантиран минимален приход, градиме фер и праведно општество Започна исплатата на зголемената социјална помош којашто е предвидена со новата социјална реформа, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто.  На сите домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток.

Со социјалната реформа правиме целосна преобразба на системот за социјална заштита кој има за цел трајно да изввлекува од сиромаштија. За прв пат , корисниците на Гарантираната минимална помош,  добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, е трансформирана  во право на додаток за образование.

— реклама —

Со социјалната реформа наместо досегашниот  опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

— реклама —

Со мерките од социјалната реформа, ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост, го подобруваме квалитетот на предучилишното образование и градиме вистински праведно и хумано општество.

Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекувано е опфатот на домаќинства што ќе ги остваруваат правата дополнително да се зголеми, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања