Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ започна со скапи рекламни спортови, во првиот спот на Пендаросвки „Сите едно пееме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pendarovski-prv-spot

Денеска на своите профили, заедничкиот кандидат за Претседател на 30 политички субјекти го промовираше видео спотот за песната „Сите едно пееме“, со која и го најави официјалниот старт на кампањата, се вели во соопштението од СДСМ.

Со стиховите „Сите едно пееме, вечерва од љубов семе сееме, полиња со среќа полни жнееме, еден свет без граници да живееме“, песната на Стево Пендаровски мотивира, инспирира и испраќа силна порака за заедништво, соживот и единствената иднина која ја има оваа наша прекрасна земја.

— реклама —

Видео спотот носи силна визулена поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

Во своето обраќање на крајот од спотот, Пендаровски повикува на обединување и потстетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме.

— реклама —

„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“,  завршува Пендаровски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања