Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ: Заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов, граѓаните избраа напредок, продолжуваме напред!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција, се вели во соопштението од СДСМ.

Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

— реклама —

Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.

Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.

— реклама —

Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува. Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.

Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања