Промени тема
Контакт

СДСМ зборува за нов корупциски скандал: Наместо лозарите, финансиска поддршка од 10 денари по килограм за винариите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarydhofmdqf75lqeb9vQm6

На прес-конференција на Комисијата за земјоделство на СДСМ, партискиот претставник Александар Димитриевски изнесе обвинувања дека Владата донела одлука за финансиска поддршка на винариите од 10 денари по килограм откупено грозје, што, според партијата, претставува сериозен ризик од корупција и е на штета на лозарите.

Според Димитриевски, на 25 ноември на владина седница била усвоена измена на програмата за интервентниот фонд со која се воведува нова мерка – финансиски надоместок за откупувачите на грозје, а не за производителите. Одлуката, како што тврдеше тој, сè уште не е објавена во „Службен весник“.

Партијата предупреди дека мерката е ограничена исклучиво за грозје откупено во периодот 17 септември – 31 октомври 2025 година и дека би ја користел мал број вински визби. Димитриевски оцени дека се работи за значителни средства во висина од неколку десетици милиони денари, кои би биле распределени кај ограничен број корисници.

— реклама —

СДСМ го праша министерот за земјоделство Цветан Трипуновски врз основа на каква анализа е донесена мерката и дали е усогласена со секторските групи и со претставниците на производителите. Партијата побара и појаснување дали однапред е познато кои винарии ќе ја добијат поддршката.

— реклама —

На пресот беше наведено дека оваа одлука следи по претходното одбивање да се утврди производствената цена на сортите Вранец и Смедеревка, како и по одбивањето на предлогот на СДСМ за дополнителна поддршка од 3 денари за лозарите. Од партијата оценуваат дека земјоделските субвенции се недоволни и дека повеќе категории земјоделци остануваат без поддршка.

СДСМ побара Владата да ја повлече мерката и ги повика Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат околностите под кои е донесена. Според партијата, станува збор за потенцијална злоупотреба на буџетски средства со која се фаворизираат одредени откупувачи на сметка на лозарите.

— реклама —

Од Владата и Министерството за земјоделство засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Македонија | пред 1 ден

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања