„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Здраво, би сакал да се слушнеме, Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за теретаната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

— реклама —

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретана. Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

„Здраво, би сакал да се слушнеме“ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО.  Но тоа време заврши.

Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност.

Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите.

Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.

Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања