Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо - Мицкоски гледа за дата центри и антимон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
zemjodelci

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Државниот завод за статистика ја објави бројката што арамијата не ја црта на табла. Во август трошоците за земјоделско производство се зголемени 6,8 проценти.  А цените за производителите се намалени за нови 2,2 проценти. Трошоците за горивото и енергијата се зголемени за 15,8. За машините плус 13,4. Транспортна опрема плус 19,6. А зеленчук минус 6,4. Овошје и грозје минус 7,2. Производи од животинско потекло минус 7,7, велат од опозициската СДСМ.

„Нивата поскапе. Откупот поевтини. Во продавница храната не падна како на нива туку се покачи.

Разликата ја јаде синџирот. Земјоделецот ја плаќа двапати.

Ова не падна од небо. Претседателот Филипче предупреди пред месеци што ќе донесе погрешната политика и намалување субвенции скратени околу 40 милиони евра.

— реклама —

Авансната исплата е укината. Зелената нафта доцни. Прагот за помош се качува.

Пиперката и грозјето се на понижувачки откуп.

Зелката од 25–30 денари падна на 6–8 денари.

— реклама —

Европските пари беа замрзнати откако оваа власт беше фатена какако краде од фондовите. Задругите се без поддршка.

Владата има 5,53 милиони за Гета и бизниси од 1,6 милиони да ја цепат опозицијата.

Авион за колената на Мицкоски. Дата-центар и антимон за провизија.

Ама за оној што ја рани држава – немаат ништо, статистика и молк.

— реклама —

ВМРО-ОКГ не води земјоделство. Води плен.

Горивото го пуштија да поскапи до плафон, па дојдоа со половина мерка. Само дел од ДДВ и тоа доцна. Акцизата ја оставија.

Ние баравме мерки уште на самиот почеток: укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5% на енергенси, минимална 600 евра.

Не мрднаа. Сега нивата го плаќа нивниот луксуз.

СДСМ е со земјоделците.

Редовна субвенција. Аванс. Зелена нафта на време. Фер откуп. Помош што стигнува до земјоделците навреме, нои до малиот, не само до големиот откупувач.

Без тоа оваа есен нема да има берба ниту сеидба туку пресметка на бандата врз грбот што произведува храна“, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari-1

СДСМ: Цените растат, платите стагнираат – Мицкоски ги остава граѓаните да тонат во сиромаштија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 24 часа

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања