Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ:Грижата за младите е постојана, реализираме политики кои отвораат перспективи за младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ преку постојано спроведување на квалитетни младински политики на дело покажува конкретна грижа за младите. Преку низа на мерки се обезбедуваат услови за развој и напредок на младите, се отвораат нови стабилни перспективи за иднината на младите, создаваме фер шанси за сите и подобар животен стандард.  Со мерката Гаранција за млади обезбедуваме вработување, платена пракса или доквалификација,  се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекуваме значително поголем број бидејќи мерката се спроведува на територија на целата држава.

— реклама —

Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите. Со овој проект се намалуваат трошоците за транспорт, спорт, едукација и рекреација а картичката важи во стотици локали низ целата држава.

Освен што носи заштеда и помали трошоци, картичката ќе го унапреди социјалниот живот, но и личниот развој на младите. Инвестираме и во студентскиот и ученичкиот стандард. Се реновираат студетнските и ученичките домови.

Обезбедуваме квалитетни услови за развој на земјоделството преку помагање на младите. Мерката Млад земјоделец обезбедува 10.000 евра непорватни средства за млади земјоделци до 40 години возраст.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп на државно земјоделско земјиште во првите три години.Ова се само дел од мерките што се спроведени во изминатиот период а кои се во интерес на малдите.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите и тие својата иднина да ја гледаат, тука во својата татковина, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања