СДСМ:По шест порази за четири години, Мицкоски има уплав од избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од сопствениот народ, страв му е да се соочи со граѓаните на избори, бидејќи е свесен што го очекува. Токму во таа насока се најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира претстојните локални избори.

— реклама —

Стравот на Мицкоски не е неоснован, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Во продолжение на соопштението се додава:

— реклама —

Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Шест пати за четири години го казнија неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски остана сам на браникот на криминалот.

Затоа Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања