Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет додека Вељановски, Милошоски и Димовски не поднесат оставки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ покажа дека се менува за напредокот на земјата да продолжи уште позасилено. ВМРО- ДПМНЕ покажува дека кај нив ништо не се менува, напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, на одбрана на криминал, деструкција и антидржавно однесување, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните. Од друга страна, кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност.

— реклама —

Напротив, наместо одговорност тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

— реклама —

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични дела не треба да чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си поднесат оставки од своите функции.

— реклама —

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања