Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

СДСМ:Со мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ околу 50 милиони евра секоја година се враќаат назад кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Од 1 јули започнува реализација на клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ којашто обезбедува повеќе пари кај граѓаните. За првпат ќе се реализира поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кај секој граѓанин. Со оваа мерка на крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра. Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус, се вели во соопштението од СДСМ.

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари директно во секое семејство. Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години Минималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари.

— реклама —

Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

— реклама —

Социјалната помош е зголемена за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари. ДДВ-то за парното го намаливме од 18 на само 5%. Просечната плата е зголемена за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари. Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци. Концептот „пари кај граѓаните“ е видлив и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. Ние како одговорна партија обезбедуваме повеќе пари назад кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања