Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ:Со повратот на ДДВ секое семејство добива доход плус во домашниот буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Преку мерките и проектите кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Повратот на ДДВ од 15 проценти е уште една од низата мерки кои директно влијаат на домашниот буџет на секое семејство, се вели во соопштението од СДСМ.

Преку реализацијата на проектот „Мој ДДВ“ околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, како  доход плус во секое домаќинство.

— реклама —

Освен повеќе пари во семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

— реклама —

Пристап кон оваа мерка ќе има секое лице над 15 години кое поседува лична карта и трансакциска сметка ,а целата постапка се врши преку мобилен телефон, што како мерка ја прави едноставна за користење.

— реклама —

Во последните две години, Владата предводена од СДСМ, низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.

Намалувањето на нотарските и трошоците кај извршителите од 50-90 проценти, намалувањето на казните за правни и глобите за физички лица до 75 проценти,намалувањето на ДДВ за парно греење од 18 на 5 проценти, укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната плата на 10.500 денари, на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ парите ги враќа назад кај граѓаните, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои 11 години им ги земаа парите на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања