Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ:Заклучоците на ММФ потврдуваат, СДСМ ја стабилизираше економијата, растат платите, невработеноста опаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

За неполни 2 и пол години СДСМ успеа да ја стабилизира економијата која 11 години беше уништувана од страна на криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. По децениска стагнација, економијата влегува во период на стабилност и солиден раст, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Меѓународниот монетарен фонд потвдрува дека економијата на Република Северна Македонија тргна на прав пат и ги поздрави реформите во насоките на сузбивање на сивата економија.  Заклучоците на ММФ јасно покажуваат дека одговорните и домаќински политики на СДСМ се поттик за економскиот раст.

— реклама —

За истакнување е дека невработеноста достигна историски најниски 17.5 отсто, тоа е доказ дека реформите на Владата предводена од СДСМ се на прав пат. Отворени се нови 50.000 работни места, наместо на споменици, жални врби и лажен барок на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше пари, денес, СДСМ обезбедува раст на плати и пензии, стабилизација на пензискиот фонд, поддршка на приватниот сектор и повеќе пари во секој семеен буџет.

— реклама —

Наследивме економија со минус 1.8 проценти економски раст, а денес имаме раст на економијата за над 4 отсто. Минималната плата порасна за 5.500 денари, а просечната за 2.000 денари. СДСМ продолжува со имплементација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

— реклама —

На прав пат сме, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања