Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Се бара начин да се забрани чување на свињи во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
svinja

Да се најде законско решение за воведување забрана за чување свињи на одгледувалишта што немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.

Ова, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, на вчерашниот состанок со директорот на Агенцијата Зоран Атанасов го побараа претставниците на Здружението на производители на свињи и свинско месо – „Гицко”.

— реклама —

Со цел намалување на ризикот од појава на болеста африканска свинска чума која е веќе присутна во некои од соседните земји, тие на средбата побараа изнаоѓање модел со кој ќе им се овозможи да извршат организиран откуп на свињи кои се одгледуваат во селските домаќинства по пазарна цена, без оглед на категоријата и килажата на животните, за што изразија и подготвеност.

— реклама —

Месото од откупените свињи, како што истакнаа на состанокот, ќе го понудат за преработка на домашната месна индустрија.

— реклама —

– Согласно член 57 став 1 и  членот 110, став 1 точка 5 од Законот за ветеринарно здравство одгледувачите на свињи, кои не ги спровеле обврските од Годишната наредба за здравствена заштита на животните, односно не воспоставиле биосигурносни мерки на фармите,  ќе се соочат со предвидената санкциона мерка да не им биде исплатена отштета за убиените животни при спроведувањето на мерките за искоренување на болеста. Затоа и сегашната кампања на АХВ е насочена кон подигнување на биосигурносните мерки на одгледувалиштата, рече директорот Атанасов.

Како што беше речено, согласно пописот на свињарските фарми што во март годинава го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава  се евидентирани 2.315 одгледувалишта на овој вид добиток со вкупно 125 илјади свињи. Најголемиот дел или 42 проценти од свињите се одгледуваат во вардарскиот, 21 процент во источниот регион од земјава, додека помал број на одгледувалишта и единки се евидентирани во другите региони. Околу 95 илјади гоеници се одгледуваат во 27 комерцијални фарми кои имаат над 500 свињи, а 2.315 фарми се со помал капацитет и во нив се одгледуваат под 100 грла свињи. Околу 12 илјади свињи се одгледуваат во 78 одгледувалишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања