Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Се ближи расплетот на Светското првенство: Еве кои селекции се најблиску до осминафинале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
media-librarycvq5f5virtr5b4z5JD8
unsplash

Групната фаза на Светското првенство влегува во завршницата, а додека дел од репрезентациите веќе обезбедија место во нокаут-фазата, голем број селекции ќе ја бараат својата шанса во последното коло.

За разлика од претходните мундијали, овој пат во елиминациската фаза не продолжуваат само првите две селекции од секоја група. Освен нив, пласман ќе обезбедат и осумте најдобри третопласирани репрезентации од вкупно 12 групи.

Тоа значи дека 12 репрезентации кои ќе завршат на последното место во групите, како и четирите најслаби третопласирани селекции, ќе го завршат настапот уште по групната фаза.

— реклама —

Досегашниот развој на настаните покажува дека репрезентациите со пет или шест освоени бода практично сигурно ќе играат во нокаут-фазата. Дури и четири бода носат речиси сигурен пласман.

Најголемата неизвесност се очекува кај селекциите што би можеле да завршат со по три бода, бидејќи тогаш за пласман ќе одлучуваат гол-разликата, бројот на постигнати голови, па дури и бројот на жолти и црвени картони.

Во моментов најдобро стојат Шведска, Хрватска, Алжир, Парагвај и Шкотска, кои имаат по три бода пред последното коло.

Особено интересно ќе биде во групата Х, каде што Зеленортските Острови и Уругвај имаат по два бода и сè уште се во игра за едно од првите две места. Уругвај во последното коло ќе се соочи со Шпанија, додека Зеленортските Острови ќе играат против Саудиска Арабија.

— реклама —

Во групата А, Мексико веќе обезбеди пласман, а Јужна Кореја со реми против Јужна Африка може да го потврди второто место. Чешка, пак, ќе се надева на победа над Мексико и можност за третата позиција.

Во групата Б сè уште нема сигурен патник во следната рунда. Канада и Швајцарија ќе се борат за првата позиција, додека Босна и Херцеговина против Катар ќе ја бара шансата за пласман.

Бразил и Мароко во групата Ц водат директна битка за првото место, додека Шкотска со реми би била многу блиску до нокаут-фазата.

— реклама —

Во групата Д, САД веќе го обезбедија првото место, а Австралија и Парагвај ќе решаваат за втората позиција. Турција веќе е елиминирана.

Во групата Ф, Холандија и Јапонија со по четири бода се во трка за лидерската позиција, додека Шведска сè уште има реални шанси за пласман.

Египет е лидер во групата Г и со победа над Иран ќе го потврди првото место, додека Белгија против Нов Зеланд директно ќе одлучува за својата судбина.

Во групата И, Франција и Норвешка се борат за првата позиција, а Сенегал против Ирак ќе се обиде да остане во трката за пласман како една од најдобрите третопласирани селекции.

— реклама —

Аргентина речиси сигурно ќе заврши прва во групата Ј, додека Алжир и Австрија ќе се борат за преостанатите места што водат понатаму.

Во групата К, Колумбија е во најдобра позиција, додека Португалија, ДР Конго и Узбекистан сè уште имаат свои пресметки за продолжување на натпреварувањето.

Во групата Л, Англија и Гана имаат по четири бода, додека Панама веќе е елиминирана. Последното коло ќе донесе директен дуел меѓу Хрватска и Гана во борбата за второто место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye28gr8q4i0aq4nltueu

Хрватска се мачеше против Панама, шпанските медиуми со остри оценки

Спорт | пред 11 час

— реклама —
media-librarypmrljq3sbu8aaujakIA

Меси продолжува да испишува историја: урна уште четири рекорди на Светските првенства

Спорт | пред 1 ден

lopta-fudbal

Франција го совлада Ирак и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство

Спорт | пред 1 ден

media-libraryvvn6haklgfia7Djlp9X

Селекторот на Египет: На полувремето им порачав дека нема враќање без победнички менталитет

Спорт | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања