Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека владејачките партии се спремаат за губење на власта. Тој тоа го заклучува со тврдење дека во Собрание се обидуваат да направаат измени на Кривичниот законик со кој се бришат казни.
„СДС и ДУИ на велико се спремаат за губење на власта... Со ЕУ знаменце, во Собрание, шверцуваат измени на Кривичниот законик со кои:
- се брише казната затвор од минимум 5 години за местење тендери;
- максималната казна затвор за "Злосторничко здружение" се намалува од 10 на 3 години;
- се укинува проширената конфискација за нелегално стекнат имот!
Прпааааа, а?“, пишува Апасиев.
