„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Се чека предлог од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за „27 април“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вчера не го доби потребното мнозинство да биде ставен на дневен ред на 66. пленарна собраниска седница. Независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пак, предлагаат целосна амнестија на индиректните учесници во немирите во Собранието лани на 27 април и преквалификација на обвинението на другите обвинети предлагаат.

— реклама —

Тие овој предлог-закон за амнестија ќе му го дадат на координативното тело за помирување, кое првата седница ќе ја одржи утре. Независните пратеници со ова бараат селективна амнестија, која нивната матична партија не ја поддржува.

— реклама —

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов објаснувајќи го ставот на владејачката партија во врска со тоа што е прифатливо за нив во однос помирување и амнестија на учесниците на овој настан, вели дека треба да се  направи разлика помеѓу оние што нарачале и оние што извршиле насилство и оние кои биле во еуфорија во Собранието за време на настаните од 27 април.

— реклама —

Костадинов на прес-конференција во Собранието запрашан во врска со тоа дали е изготвен нов закон за амнестија од страна на координативното тело за помирување кое најави состанок за среда, рече дека очекуваат во најскоро време од страна на пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ да произлезат, како што кажа, „насоките и формите за тоа како би се случувало помирувањето“.

Во однос на гласањето против ставање на дневен ред на предлог-закон за амнестија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов повтори дека мнозинството пратеници сметаат дека одговорност за насилството од 27 април мора да има.

– Не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април, рече Костадинов.

Претходно, Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој предлог закон се опфатени сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но се уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.

– Законот предвидува вистинско национално помирување за сите кои учествувале во настанитеод 27 април, а не селективно помирување како што сакаат да направт премиерот Заев и парламентарното мнозинство преку т.н Комисија за помирување… Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски не се и не можат да бидат терористи, ниту вработените во МВР… Целта на законот е национално помирување и враќање на нормалните теркови во државата. Ги повикуваме сите пратеници од парламентарното мнозинство да дадат поддршка за законот за амнестија, конечно да завршат поделбите во македонското општество и да ја вратиме државата во нормлана насока и да се концетрираме на висниските проблеми кои ги мачат граѓаните, рече Стаменковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања