Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Се чека Службен весник да ја објави одлуката за распишување на изборите, па ќе има седница на ДИК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-14-at-21.36.42

Распишувањето на парламентарните и претседателските избори се уште не е објавено во Службен весник. Поради ова, Државната изборна комисија не може да ја одржи планираната седница за вечерва. Александар Даштевски, претседател на ДИК, кажа дека го очекуваат новиот број на Службен весник, по што ќе има седница.

„Под точка разно, би ја известил јавноста дека го чекаме објавјавувањето во Службениот весник за објавување на изборите, претседателски и парламентарни. Затоа не можеме да почнеме со седница. Штом го добиеме бројот од Службен весник ќе закажеме седница и ќе ја известиме јавноста“, рече Даштевски.

— реклама —

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша денеска изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во законодавниот дом, што ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.

— реклама —

Според решенијата што ги потпиша претседателот Митрески, првиот круг од седмите избори за претседател на СР Македонија ќе се одржи на 24 април 2024 година (среда), а вториот круг гласање ќе биде после две седмици, односно на 8 мај.

— реклама —

На истиот датум со вториот круг претседателски избори (8 мај) ќе се одржат и 11. парламентарни избори во земјава.

Според член 63 од Уставот на РС Македонија, избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието.

Членот 81 од Уставот, пак, предвидува дека изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

Роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението за распишување на изборите во „Службен весник“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања