Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Се чека вештачењето од одземените телефони и компјутери од Ременски, Боки 13 и Мандиќ, па ќе се види што со истрагата за Меѓународен сојуз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Frosina-18-12

Во предистражната постапка за Меѓународниот сојуз-Скопје каде се испитува дали  Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски переле пари преку организацијата, биле сослушани повеќето сведоци кои треба да се вклучени во постапката, а се чека вештачењето на одземените телефони кои се дадени кај форензичари за да се донесе одлука дали ќе се покрене обвинение.

— реклама —

„Ги чекаме вештачењата од одземените телефони и компјутери, па да видиме кои чекори ќе ги превземеме. Сопругот на Ременски не е повикан меѓу сведоците“, рече Русковска.

— реклама —
— реклама —

Според доказите на обвинителството, во периодот од јули 2017-та до апрлил 2018-та првоосомничениот Боки 13-ка организирал средби со неколку бизнисмени и ги довел во заблуда да инвестираат пари за да бидат изградени центри за стари лица на државно земјиште.

— реклама —

„Во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото“, кажаа од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања