Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се чисти дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
cistenje-dom-2

Комуналните служби на Општина Карпош се приклучија кон акцијата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Оваа акција ја поздрави и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и во оваа прилика потсети на еко - активностите кои Општината ги презема во овој период:

- Изминатиов период исчистивме уште една дива депонија во Тафталиџе 1, а во два наврати запленивме и поголемо количесто на гуми кои во овој период се користат како огревно средство, со што дополнително се загадува воздухот. Почнавме и со засилени инспекциски контроли на терен, бидејќи секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина. Апелирам до сите граѓани и фирми правилно да го одлагаат отпадот, затоa што во спротивно, прекршочните казни за непочитување на правилата изнесуваат од 50 до 2000 евра, рече Богоев.

— реклама —

Помошник директорот на ЈП „Комунална хигиена - Скопје“, Ејтула Амети напомена дека овие активности имаат цел да ја подигнат и јавната свест кај сите чинители. За потребата од тековно одржување и хортикултурно уредување на овој простор зборуваше Дарио Николовски, директорт на Државниот студентски центар.

— реклама —

Градоначалникот Богоев исто така посочи дека локалната самоуправа во текот на пролетта ќе започне со акција на хортиклутурно уредување на надворешниот простор на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и ќе додели нови садници за раззеленување на овој потег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања