Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Се демонтира мобилната болница – останува монтажната болница која ќе се користи како тријажен центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.

Мобилната болница „Role 2“  добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.

— реклама —

„Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија“ – смета Министерот Венко Филипче.

— реклама —

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со ковид-19 во земјата.

— реклама —

Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања