Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се динамизира соработката со САД во рамки на Стратешкиот дијалог со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-sad

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 127-та седница.

— реклама —

Владата го утврди Планот за активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и САД со период на реализација од 2023-2033 година, предложен од Министерството за надворешни работи.

— реклама —

По успешно одржаниот Стратешки дијалог со САД (02.06.2022 година), од страна на Министерството за надворешни работи, а во координација со другите релевантни институции, е пристапено кон подготовка на документи, со содржани предлог проекти за соработка со САД (остварливи на краток и долг рок), а на основа на дискусиите и добиената поддршка во рамки на Стратешкиот дијалог.

— реклама —

Утврдувањето конкретни проекти за соработка на основа на разговорите во рамки на Стратешкиот дијалог – преточени во План на активности, според посочувањето од Министерството за надворешни работи, ќе овозможи динамизирање на соработката и што поскоро одржување на наредната сесија на Стратешкиот дијалог.

— реклама —

Задолжено е Министерството за надворешни работи да го следи текот на реализацијата на проектите наведени во Планот и на секои шест месеци да поднесува извештај до Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања