Се додека со наши пари се слави воен бунт против државата, конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
5-3

Се' додека со наши пари се слави воен бунт против државата, се амнестираат оние кои дигнале пушка против своите, не се спомнуваат „исчезнатите“, нема попис на загинатите, се сквернават споменици и спомен плочи на оние кои ја бранеле државата, а до небо се воздигнуваат триумфалистички споменици за „победата од 2001“, се' додека нема жалење, каење и извинување за злоделата - се' дотогаш конфликтот можете да го сметате за незавршен, вели Ванковска.

— реклама —

„НИШТО НЕ Е НАУЧЕНО, најмалку пораката: never more!! Без транзициска правда, соочување со минатото, барање прошка и помирување - ни мртвите не почиваат во мир, ниту живите гледаат иднина.

— реклама —

Уште некоја година и четврт век ќе мине, а деца пораснаа без да знаат низ што минавме и какви се општествените, политичките и правните последици. Едните свесно молчат и веднат глава, додека „победниците“ дрдорат будалштини за „мултиетничка демократија“ вдомувувајки си потесна и поширока фамилија.

— реклама —

Пред неколку дена, на конференцијата, зборувавме дека немаме (како другите држави) попис на жртвите/учесниците од Илинден, жртвите на холокаустот од Македонија, и генерално од двете светски војни - а ние всушност немаме попис ниту на оние кои загинаа пред 22 години! Да се знае барем ЗА ШТО гинеа, КОИ гинеа, КАКО ги закопаа во заборав, како нивното спомнување станува „говор на омраза“...“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања