Се додека во Македонија имаме саатнина на африканско ниво, секој ќе се радува на саат повеќе работа, вели Беќаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
rabotnik-gradezen-

Доктор Нико Беќаровски, со низа критики за кратењето на едно од основните работнички права-40 часовна работна недела.

— реклама —

„Овие денови оваа тема е главна на сите медиуми. Сите се згрозени од леснотијата со која ќе се скрати повторно едно од основните работнички права 40 ЧАСОВНА РАБОТНА НЕДЕЛА.

— реклама —

ДА #Burn_Out оддамна е наша дијагноза Но ќутиме и дежураме, надевајќи се дека ќе дојде денот кога со 40 ЧАСОВНА работна недела ќе ни се овозможи пристојна егзистенција.

— реклама —

Можете да претпоставите каков е квалитетот на прегледот кој ќе Ви го овозможи доктор кој веќе работел 71 час во таа недела ?? За љубезност воопшто да не дискутираме.

Дел од грешките се токму резултат на овој хроничен замор и континуирано не спиење во ноќните часови.

Во мојот досегашен стаж околу 2000 ноќи (или 6 години) сум ги поминал во ординација и во овие години кога мајка ми веќе беше пензиониран во "тој трулиот систем и општество", а јас сум принуден и понатаму да дежурам.

Знаете ли дека изминатиов викенд стотици мои драги колеги од Бугарија одлетаа низ сите европски дестинации за да дежураат по 48 часа наместо нивните западни колеги, кои одлетаа некаде да го прослават Велигден.

Одлетаа бидејќи и таму како и ваму со редовната и поштена 40 ЧАСОВНА работна недела може да се води само КРПЕН ЖИВОТ.

Скандинавија воведе 36 часовна недела и никој не сака да работи повеќе, бидејќи саатнината овозможува повеќе од пристоен живот. Прекувремено работат само дојденците од Балканот, за да можат следното лето да се покажат пред своите роднини, дека успеале.

Се додека во Македонија имаме саатнина на африканско ниво, секој ќе се радува на саат повеќе работа, па макар и на штета на сопственото здравје.

Времето во кое 8 часа работевме, 8 часа се забавувавме и 8 часа спиевме го погребавме заедно со Социјалистичка во префиксот“, напиша тој на својот фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања